Под мотото „Културата расте со децата“ започнува програмата на општина Охрид за најмладите охриѓанчиња. Тетарската претстава ,,Цветко и неговата градина” ќе се одржи петок (21.06) на сцената кај ТЦ Амам со почеток од 20:00 часот.
,,Цветко и неговата градина” е најновата хит претстава за деца која е создадена тематски за зачување на животната средина, за природата, екологијата, но и за здравата храна.
–Низ призмата на оваа претстава децата со театарски јазик создаден да биде разбирлив за нивната возраст ќе дознаат низ визуелен пример колку е важно да ја чуваме и негуваме природата, да не ги уништуваме дрвата, езерата,реките, тревата, цвеќињата, парковите и шумите, бидејќи тие се изворот на чист воздух за сите. Секоја лоша постапка кон нив може да се рефлектира на нашето здравје. Тоа што исто така сакаме да го истакнеме е дека многу е важно во исхрана да внесуваме здрава храна, зеленчук, овошје и мешунки, се вели во соопштението на градоначалникот Пецаков.