Денес започнува 49-от турнир во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта каде ќе учествуваат 29 екипи поделени во 8 групи.
Наградниот фонд за прво место изнесува 120,000 денари, за второ место 60,000 денари, за трето место 30,000 денари, а за четврто место наградата ќе изнесува 10,000 денари. Ќе бидат доделени пехари и медали за првите три позиции, како и за најдобар играч, најдобар голман и најдобар стрелец, велат организаторите.
Натпреварите се со почеток од 20:30, 21:30 и 22:30 часот.