Членовите на боксерскиот клуб „Алексо Огненовски“ Охрид добија брендирана опрема од Општина Охрид. Во пресрет на настапот на државното првенство , тие се сретнаа со градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.
-Денеска се сретнав со членовите на боксерскиот клуб “Алексо Огненовски” од Охрид кои на 22 јуни ќе земат учество на државниот натпревар што се одржува во Тетово. Како Локална самоуправа кој е постојан ветер во грб на сите спортисти и лично како поранешен спортист вложивме напори и на учесниците им обезбедивме спортска опрема. Сега и боксерите од клубот “Алексо” ќе настапуваат со унифицирана и брендирена опрема. Им посакувам успех! – изјави градоначалникот Пецаков.