Работа на црно
Паркинзите во Струга работат на црно. Ниту една надлежна институција не знае кој е сопственик, кој наплатува со парагон блок на кој нема ниту потпис ниту печат.
Кој заработува од паркинзите во Струга и кој стопанисува со нив? Обичен парагон блок на кој е напишана сума од 50 денари ќе добиете на еден од паркинзите во Струга, кој се наоѓа наспроти општината. Во чиј џеб се слеваат средствата останува енигма. Овде очигледно затајува спроведувањето на законот за регистрација и фискализација на субјект кој врши дејност. Раководителот на пазарниот инспекторат од Струга, Надица Николовска рече дека излегле на терен, и направиле увид на состојбата. Од таму кажаа кои се законските права на корисникот на услугата доколку од него се побара на ваков начин да плати за паркирање.
Николовска рече дека согласно Законот за трговски друштва поднесено е барање за прекршок на 2 паркинзи до основниот суд Струга.
Од УЈП Струга очигледно не знаат за што станува збор. Нашите настојувања да дознаеме кој стопанисува со паркинзите во Струга останаа без резултат. Од таму не преупатија до општината каде се склучувале договорите за концесионирање.
Но се наметнува прашањето каде е одговорноста на УЈП пред законот во кој децидно стои, еден субјект за да врши дејност мора да биде регистриран и фискализиран. Градоначалникот Рамиз Мерко вели дека административниот рок за стопанисување со паркинзите веќе е поминат и во тек е тендерот од кој резултати ќе има во текот на овие два дена. Кој ќе стопанисува со паркинзите ќе се знае во оној момент кога ќе се издаде решение додава тој.
Паркингот кој е во непосредна близина на општина Струга има капацитет за 200 коли. Ако се направи слободна проценка колку средства во денот се слеваат кај тој што наплатува очигледно дека некој дебело заработува, а надлежните спокојно ја следат состојбата.
{loadposition content}