Skip to main content

Со концерт на Антички театар Ѓоко Танески ќе го одбележи 30 годишниот јубилеј

Oчекувајте незаборавна вечер полна со добра музика, многу емоции и срце на тацна, онака како што тоа го прави Ѓоко.
 |  инфодеск  | 

Јубилејот 30 години музичка кариера Ѓоко Танески ќе го одбележи со голем солистички концерт насловен „Најдоброто од Ѓоко Танески“ закажан на 20 јули во Античкиот театар во Охрид.

Го нарекуваат човек глас, пејач со глас како од Бога даден за опејување на можеби најубавите балади… глас кој ги топли душите и ги милува срцата затоа на сцената на Антички очекувајте незаборавна вечер полна со добра музика, многу емоции и срце на тацна, онака како што тоа го прави Ѓоко, велат организаторите.

Концертот на Антички е со почеток во 21 часот, а на сцената Ѓоко освен што ќе биде придружуван од Камерниот оркестар од Битола, ќе бидат присутни и неговите специјални гости Драган Мијалковски и Николче Мицевски.

Влезниците веќе се пуштени во продажба, и тоа преку мрежата на Мктикетс, како и во продажните салони на „Литература“ низ земјата и „Кај Аждер“.

Организаторот Фреш унион, најавува музички спектакл, кој ќе се снима со најсовремена техника со оглед на тоа дека подоцна ќе биде изработен и телевизиски проект.