Skip to main content

туризам

Треба да се работи на развој на инклузивен туризам

Инклузивноста во туризмот не ја претставува само пристапната патека, туку комплетна архитектонска и хотелско угистителска услуга, за лицата со инвалидитет да се почуствуваат еднакви.
 |  инфодеск  | 

Додека светот забрзано работи на развој на инклузивен туризам, во земјава се уште е во зародиш. Во туристичките центри, нема пристапни плажи за лица со посебни потреби, маркирани патеки, адаптирани сместувачки капацитети, ниту соодветна  угостителска услуга. Пристапност е потребна и до културно историските споменици, цркви, музеи и манифестации.

Единственото место во земјава, кое нудат инклузивна услуга за лицата со попреченост е хотелот на сојузот на глуви и наглуви на брегот на Охридското Езеро, таму целиот персонал го  користи знаковниот јазик.

„Мислам дека инклузивниот туризам е многу важен за светот на попреченоста бидејќи не е туризмот само за некои луѓе, туризмот е за сите, сите сакаме да го осетиме мирисот на чистиот воздух, езерото, капењето, летото на вистински начин да се одмориме. Ништо не е  поинаку во светот на попреченоста секој сака да го доживее летниот одмор но на начин прифатлив за неговата попреченоста”, вели Славица Стефаноска, директорка на хотелот.

Инклузивноста во туризмот не ја претставува само пристапната патека, туку комплетна архитектонска и хотелско угистителска услуга, за лицата со инвалидитет да се почуствуваат еднакви.

„Допрва овој туризам ќе се развива, нашиот туристички сектор мора да развие сенс дека пристапноста е неминовност. Допрва хотелите и оние со 4 ѕвезди ке мора да се прилагодат на ново време и да работат на својата пристапност, инкузивна услуга и амбиент”, додава Стефаноска.

Во светот 1,3  милјарда луѓе имаат некаква попреченост, или 15 % од светската популација, а инклузивниот туризам носи големи приходи. Токму затоа Германското друштво за меѓународна соработка, пред стартот на туристичката сезона спроведе обука на туристичките работници со цел обезбедување на адекватни услуги за лицата со попоречености.

Новинар Соња Рилковска