На 24.06.2024 во 17.30 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е 34 годишно лице од селото Горенци, општина Дебрца. При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници од одделението за недозволена трговија со оружје, пронајдоа и одзедоа ловна пушка „црвена застава” и три куршуми кои, нелегално ги поседувал. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.