Од ОСУ „Св. Климент Охридски“- Охрид за новата учебна година најавуваат нов концепт, работа во една смена.
Најава за новини во работењето на училиштето: работење во една смена за учениците од I до IV година, информираа од Гимназијата.
Оттаму додаваат дека успешно е завршено првото пријавување на идните гимназијалци, а второто е на 1. и 2. јули, до 15:00 часот.
Доставување на документи во Гимназијата на 1. јули во периодот од 07:00 до 17:00 часот и на 2. јули 2024 година од 07:00 до 15:00 часот.