Skip to main content

дебрца

Учесниците од Интернационалната уметничка колонија „Дебрца 2024 “ на прием кај градоначалникот Ногачески

Годинава, на најстарата ваква манифестација кај нас, учествува 11 ликовни уметници од земјата и странство.
 |  инфодеск  | 

Организаторот – Здружението “Ликовна колонија – Дебрца”, за сите учесниците на 39то издание на Интернационална уметничка колонија „Дебрца 2024 “, подготви внимателно одбрана програма со цел да им ги покаже амбиенталните природни вредности на општина Дебрца, но и на Охрид. Исто така, тие се запознале и со историското минато на Дебрца, од поново време, кога, практично била лулката на зародишот на македонската држава и државност.

Учесниците беа и на прием кај градоначалникот на општината Дебца. –И во оваа пригода го истакнав значењето на овој културен настан за општината и изразив задоволство што делото кое пред четириесетина година го започнаа основоположникот на Ликовната колонија Ѓорѓија Целески и неговите современици денес продолжува да се надоградува, изјави градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески.

Како што напоменува претседателката на Здружението, магистер инжињер – архитект Мартина Целеска, учесниците биле воодушевени од она што го виделе при посетата на манастирскиот и излетнички комплекс “Свети Наум”, од недопрената природа, како и од разгледувањето на Античкиот театар, катедралната црква “Света Софија”, комплексот Имерет-првиот универзитет мегу словенскиот свет, како и праисториската населба “Заливот на коските”.