свр охрид
Пријавен случај на семејно насилство во Охрид
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Вчера во 18.15 часот, во СВР Охрид е пријавен случај каде машко лице од Охрид, во семејниот дом бил агресивен а потоа и физички нападнал членови на неговото семејство. По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.


