Skip to main content

Балансиран испуст на езерото, за минимални штети

Нивото на водата во Охридското езеро највисоко во последниве 20 години. Тоа е за 20 сантиметри над максимално утврдената кота.

 |  Крсте Голабовски  | 
struga na mostot
струга на мостот

struga na mostotДенес во Струга со најнови информации во врска со моменталната состојба на јавноста и се обратија директорот на Центарот за управување со кризи Панде Лазаревски и  директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу.
Нивото на Охридското езеро го сруши рекордот од 1968 година, кога изнесуваше 18 цм. Денес е 20 цм над максималната кота. Директорот на Центарот за управување со кризи, Панде Лазаревски, денеска во Струга ја потврди  моменталната состојбата на водостојот на Охридското езеро. Тој посочи дека надлежните структури  ги преземаат неопходните чекори и го балансираат испустот на вода од езерото се со цел со минимална штета да се надмине кризата.
Директорот Лазаревски додаде дека се прават максимални напори, од една страна да не се загразат градовите Охрид и Струга како и населбите кои се наоѓаат на брегот на езерото, а од друга страна да не бидат загрозени дванаесетте села кои се наоѓаат по течението на Црн Дрим до Глобочица и до Дебарското Езеро. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу изјави дека се максимално присутни на терен и дека за нив се е приоритет, во никој случај едно населено место не смее да се жртвува за сметка на друго.
Првиот човек на Центарот за управување со кризи во врска со состојбата во Пештани рече дека е направен максимумот за да се заштитат куќите од поплави, но дека дел од нив останале под вода поради тоа што не биле плански изградени.
Експертите тврдат дека за да се намали нивото на езерото за само еден сантиметар, потребно е да се испуштат 3.500.000 кубни метри вода, или потребни се четири дена. Аналогно на тоа, за да се донесе нивото на езерото до дозоволената кота се потребни околу 80 денови под услов, временските прилики да бидат поволни. Директорот Салиу изјави дека работата ни одалеку не е завршена, а координативното тело будно ја следи ситуацијата на терен.

{loadposition content}