Утре започнува 63. издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри
Утре започнува 63. издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри во организација на Центарот за култура „Григор Прличев“.
Програмата започнува со изложбата насловена „Моменти“ од авторот Антонио Стојчески која ќе биде отворена на 2 јули.
Свеченото отворање на Фестивалот ќе биде со целовечерен концерт на националниот ансамбл „Танец“ со почеток во 20:30 часот на сцената на „Долни Сарај“. Пред почетокот на концертот, ансамблите традиционално ќе продефилираат низ охридската чаршија. Дефилето на учесниците ќе започне од пред Центарот за култура во 19 часот.
Љубителите на фолклорот ќе имаат можност да погледнат настапи на ансамбли и културно-уметнички друштва од Македонија, Бугарија и Австралија. Настапите на 4 и 5 јули се со почеток во 20:30 часот, а влезот е слободен.
ПРОГРАМА
02.07.2024 г.
20.00 часот Традиционална изложба
МОМЕНТИ – Изложба на фотографии од авторот Антонио Стојчески
03.07.2024 г.
19.00 часот, место: НУЦК “Григор Прличев” -Охрид – Дефиле
20.30 часот, место Долни Сарај
СВЕЧАНО ОТВОРАЊЕ НА ФЕСТИВАЛОТ со програмата на ансамблот за народни игри и песни на МАКЕДОНИЈА – “ТАНЕЦ”.
04.07.2024 г. Севернашки ансамбл од Р. Бугарија
04.07.2024 г. КУД Илинден од Битола, Р.С.Македонија
(Музичко сценскиот проект „На Панигир” – ора и песни од Јужномакедонска Етнографска целина)
04. 07.2024 г. ФА Љупчо Сантов од Оризари – Кочани, Р.С.Македонија (сплет на Ора од Осоговијата)
05.07.2024 г. Севернашки ансамбл од Р. Бугарија
05.07.2024 г. Фолклорно студио Блажески од Скопје, Р.С.Македонија
05. 07.2024 г. Фолклорен ансамбл Бисери од Охрид, Р.С.Македонија (Повардарие)
КУД “Круг” од Сиднеј и КУД “Бенџо” од Мелбурн, Австралија
ВЛЕЗ СЛОБОДЕН!
Место: Голема сала во НУЦК “Григор Прличев”-Охрид / 20.30 часот.
Балканскиот фестивал на народни песни и игри се одржува под покровителство на Собранието на Република Северна Македонија, со поддршка на Министерството за култура и Општина Охрид.