Од денеска, 1 јули, градскиот базен “Атина Бојаџи” е отворен за користење.
ЈП “Билјанини Извори” ја известува јавноста дека рекреативното користење на базените е од 13 – 19 голем базен и 13 – 17:30 мал базен. Утринските часови и дел на попладневните часови во големиот и малиот базен се резервирани за пливачките школи.
Дневниот билет за рекреативно користење, согласно правилникот за цени на претпријатието, е 100 денари.