Каков е животот на пензионерите во Охрид – со Ѓоко Симјаноски
Градот како заедница може да се набљудува од повеќе аспекти во контекст на условите и можностите кои ги обезбедува за своите жители. Се што го сочинува општественото живеење во една заедница се одразува поинаку врз секоја категорија граѓани и неопходно е да се води сметка за потребите на сите, да се најде баланс, а некогаш да се направи и компромис….Затоа што Заедницата има многу лица.
Пензионерските денови се некој вид одмор од долги години работа и давање придонес кон градење на таа заедница. Заедницата треба да им врати на своите граѓани овозможувајќи им достоинствени, мирни и квалитетни пензионерски години.
За тоа како е да се биде пензионер во Охрид во „Заедницата има многу лица“ кажува Ѓоко Симјаноски. Тој е пензиониран електро инжинер, фотограф, сликар, уредник и водителна ТВ и радио емисии, филмски критичар , режија на документарни филмови, член на стручно жири на филмски фестивал…
„Јас сум пензионер веќе долги години, некаде едно тринаесет и навистина е прекрасно да се живее во Охрид. Кога си млад мислиш дека нема да остариш, меѓутоа кога ќе остариш ќе дојдеш во ситуација да видиш многу работи кои едноставно порано не си ги забележувал. Сето она што ќе го кажам е всушност за доброто на Охрид. Има повеќе работи коишто мене како на пензионер ми недостасуваат.“ – вели Симјаноски.
За пензионерското трето доба многу е важно човек да има некое хоби, некоја занимација.
„Се занимавам со сликарство, член сум на Фото клуб Охрид веќе 13 години и во оваа прилика повторно ќе кажам една вистина која вели дека и по 25 години фото клубот нема своја просторија за своите активности.„ – вели Симјаноски во видео сторијата за „Заедницата има многу лица“.
Погледнете ја видео сторијата за „Заедницата има многу лица“ со Ѓоко Симјаноски.