Несовесни граѓани формираат депонии и крадат од шумата во атарот на с. Вишни
Во рубриката Ти Си Твојот Град на ТВМ пристигна реакција од граѓани кои престојуваат во убавото село Вишни. Реакцијата се однесува на нередовно подигнување на комуналниот отпад, но и за сомнежи за нелегална сеча на дрва.
-Три дена по ред се јавувам во Комунално Струга, известен е шефот, ама 12 дена откако сме ние тука не се пројдени. Пред тоа сигурно уште месец. А каква убавина, горе планина долу езеро, невиден потенцијал. Пупе компани од време на време истовара странци точно пред контејнеров. Цело време поминуваат камиони полни со дрвја што се сечат по шумите, пред тоа поминува зелен голф без таблички, проверува ситуација, и после слегуваат натоварени. Само еднаш имаше полиција за 12 дена откако сме тука, и баш тој ден немаше камиони со дрва, вели за Ти Си Твојот Град Лариса од Скопје, која престојувала во с. Вишни изминатите две недели.
Во Ти си твојот град пристигнаа и фотографии, кои го потврдуваат она што го кажува гостинката од Скопје.