Денес се празнува Свети Наум Охридски – Чудотворец
Денес се слави Свети Наум Чудотворец. Голем број верници присуствуваат на празничната богослужба, која традиционално се одржува во манастирскиот комплекс на брегот на Охридското Езеро.
Свети Наум Охридски Чудотворец бил средновековен научник, писател, учител и еден од основоположниците на словенската и македонската писменост и просвета. Основач на манастирот на Светите Архангели, денешен Свети Наум. Роден е во првата половина на IX век.
Наум беше еден од основачите на Преславската книжевна школа и од 886 до 893 беше за учител таму. Беше еден од даровитите ученици на браќата Кирил и Методиј и како таков, кога во 893 година неговиот брат Климент беше назначен за словенски епископ во Велика, на неговото учителско место во Кутмичевица беше назначен Наум Охридски. Во Македонија, во Охридската книжевна школа, Наум Охридски успешно ја продолжи целокупната дејност на Климент Охридски, а изгради и манастир во близината на Охрид. Познато е дека се занимавал со литературна дејност, но неговите текстови сè уште не се идентификувани. Од двете кратки житија, напишани на црковнословенски јазик, се гледа дека бил голем учител, просветител, кој се разбира во народната медицина и толерантно ги водел црковните работи.
Животниот пат на Свети Наум Охридски тече паралелно со оној на Cвети Климент. Свети Наум учествува во Моравската мисија, по чие завршување оди во Велики Преслав, а оттука во Охрид каде ќе им се приклучи на Климент во работата на Охридската книжевна школа. Св. Наум Охридски бил познат како учител, организатор на црковниот живот, просветата, културата, поттикнувал учени луѓе кон творештвото.
Свети Наум Охридски Чудотворецот починал на 23 декември 910 година во манастирот „Свети Наум“, на брегот на Охридското Езеро, а култот за него започнал да се шири во Македонија, во јужнословенските средина, како и во Бугариjа, Албанија и Грција.
Наум Целакоски чудата на св. Наум ги класифицирал во неколку категории:
1.Св. Наум си избира место за манастир.
2.Свети Еразмо, Климент и Наум.
3.Св. Наум и мечката.
4.Лекување болни.
5.Чашата не се истурила.
6.Спасените праведници.
7.Не дозволува да се краде од неговиот манастир.
8.Казнување на грешниците.
9.Љубаништа.
10.Запис или клучеви на езерото.
Личноста која е на колена пред св. Наум е селанецот кому му помогнал светителот да ја впрегне мечката во неговото рало. Тој е во народна облека која се среќава во охридскиот крај. Стилизираните линии над ралото веројатно се камшик на орачот, а стапот во неговата рака е обичен земјоделски предмет. Зборовите на селанецот изговорени на турски јазик „Ете, тој е” говорат за познатата популарност на светителот и меѓу муслиманите.
Од многуте народни преданија за св. Наум Охридски најпопуларно е „Св. Наум и мечката”. Ова предание има интернационален мотив – изразување на светечката моќ за припитомување на дивите животни и нивното искористување во добродетелните цели. Народните преданија за св. Наум Охридски, спаѓаат меѓу најубавите и најинтересните народни умотворби на македонски јазик. Тие се кратки по содржина, со едноставна композиција, колоритен израз и занимлива фабула. Народот ја слави светинаумовата просветителска дејност, чудотворнолекувачката постапка и неговата исклучително благородна личност. Процесот на историзација и локализација е поврзан во преданијата со некој значаен историски настан детерминиран на одреден локалитет. Во минатото овие творби имале и општествено-национална функција. Преданијата за св. Наум Охридски се сведоштва од литературен карактер за народниот богат дух и интелект. Во Библијата чудата ги прават Христос и апостолите, а во легендите и преданијата светите Климент и Наум. Местото на библиските чуда е израелската земја, а во нашите легенди и преданија тоа е Македонија т. е. охридскиот регион.
Прво чудо
Интересен е случајот со авионот кој се урнал и изјавите во медиумите и весниците на стјуардот кој изјавил дека бил спасен од св. Наум. Еден ден пред уривањето на авионот, тој купил икона од св. Наум и бил цврсто убеден дека неговиот живот го спасил св. Наум.
Второ чудо
Двајца лекари, сопружници долги години немале дете. Доаѓале неколку пати во манастирот со молитва кон светителот за родителство. По две години добиле ќерка. Биле црвсто уверени дека нивното чедо е дар од св. Наум.
Трето чудо
Од Трпејца доаѓале некои луѓе за молитва. Единаесет-дванаесет години биле без свое чедо и минатата година на денот на св. Наум го крстеле детето. Биле убедени дека нивната молитва пред св. Наум помогнала за нивното чедо.
Четврто чудо
Некој човек, Германец долги години имал протеза на вратот. Но, влегувајќи во манастирот, слушнал глас „извади го тоа помагало”. Ја извадил протезата и му се олеснило. Повеќе не ја користел протезата. Постоле сведоци за ова чудо.
Петто чудо
Во манастирот донеле момче на 17-годишна возраст од муслиманска вероисповест кој страдал од епилепсија. Му бил прочитан педесеттиот псалм и молитва. Игуменот Некатариј се интерисирал преку негови роднини за неговата болест. Му рекле дека нема епилептични напади.
Шесто чудо
Манастирот го посетиле група Бугари. Една жена од нив украла мало паунче. Кога требало да си заминат автобусот се расипал. Но, некој ја видел кога го украла паунчето, ја укорил да го го врати украденото паунче. Од црква и манастир не се крадело. Таа се засрамила и го вратила паунчето. Тогаш автобусот тргнал.
Седмо чудо
Св. Наум направил многу чудеса. И денес се уште се случуваат многу чуда. Дошле посетители од Охрид, но недолично се однесувале на свето место и на враќање сите се удавиле. Се превртел чунот во езерото.
Опелото се извршува пред насликаната архитектура на манастирскиот комплекс, а композиционата структура е блиска на Успението на Богородица. Светителот е положен на одар, а опелото го извршуваат словенските учители распоредени околу него. Од двете страни на сцената се движат големи поворки кои пристигнуваат на чинот на погребот. Фреските се насликани во девет сцени. Почнуваат од северната страна на параклисот и кружат според начинот на прикажувањето на настаните. Дејството на една сцена се пренесува на следната сцена. Тематските целини се зографисани по следниот редослед:
1.Впрегнување на мечката во јарем.
2.Вкочанување на телото на монах кој се обидел да го украде телото на св. Наум од неговиот гроб.
3.Лекување на душевно болните.
4.Крадецот на коњ затечен пред вратите на манастирската црква.
5.Царот Михаил го осудува св-. Наум.
6.Св. Наум го водат во затвор.
7.Крштевање на ќерката на царот.
8.Казанот остава отпечаток на каменот.
9.Св. Наум прогонуван од богомилите.