Охридскиот хор Vox Lychnidos ќе учествува на Интернационален хорски фестивал во Ниш
Градскиот мешан хор Vox Lychnidos од утре до недела ќе престојува во Ниш, Србија каде ќе учествува на 29-от Интернационален хорски фестивал „Блистави гласови”.
-Хористите се подготвени да се претстават во најдобро светло, вели диригентот Бурим Хидри. Ќе настапат во натпреварувачкиот дел, а значајно за ова учество е што хоровите се натпреваруваат исклучиво на покана на организаторот.
Ќе бидат изведени четири композиции: Ubi caritas – О. Gjeilo, Bum ta ka bum, композиција од охридскиот композитор Гоце Гавриловски, Konj – I. Matvienko, аранжман I. Denisova и Besame mucho – C. Velasquez, аранжман J. Galvan. Композицијата Bum ta ka bum на Гавриловски е за осум гласен мешан хор, а ја напиша специјално за Vox Lychnidos.
Во натпреварувачкиот дел ќе учествуваат хорски состави од Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Грција, Бугарија, Словачка, Турција и Молдавија, а предвидена е и ревијална програма.