свр охрид
Сообраќајна несреќа на Стража
Увид на местото на несреќата извршија полициски екипи.

На 04.07.2024 година во 12.00 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево, на планинскиот превој „Стража”, патничко возило „опел корса”, со скопски регистарски ознаки, што го управувала 38 годишна охриѓанка, удрило во 22 годишен пешак од Скопје. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Гостивар. Увид на местото на несреќата извршија полициски екипи, се вели во соопштението на СВР Охрид.




