Со четириесет и пет точки на дневниот ред, денес се одржа четириесет и третата седница на Советот на Општина Охрид. Првите десет точки од дневниот ред се однесуваа на усвојување на годишните планови за вработување во основните училишта, а поголемиот дел од денешната работа на советниците помина во усвојување на измените во програмите за работа во сите сектори од општинската администрација.
Во продолжение на работата, советниците ги усвоија измените и дополнувањата во општинскиот буџетот за 2024 година, а беа донесени и неколку одлуки од урбанистичката сфера, информираат од локалната самоуправа.