Skip to main content

Саркози: Франција направи „грешка“ во Руанда

Францускиот претседател Никола Саркози при вчерашната посета на Руанда истакна дека Франција и меѓународната заедница направија грешка во 1994 година кога не го спречија геноцидот во таа африканска држава

 |  Маја Савиќ  | 
Sarkozy
Саркози

sarkoziФранцускиот претседател Никола Саркози при вчерашната посета на Руанда истакна дека Франција и меѓународната заедница направија грешка во 1994 година кога не го спречија геноцидот во таа африканска држава

– Тоа што ове се случи е неприфатливо и ја присилува меѓународната заедница, вклучително и Франција, да размисли за грешките поради кои не успеаја да го спречат тој грозоморно злосторство, истакна Саркози на заедничката прес-конференција со претседателот на Руанда, Пол Кагеме.

Но, Саркози не се извини јавно поради тоа, како што направија претседателите на другите земји.

Саркози е првиот француски претседател на Руанда по геноцидот во 1994 година. На почетокот на посетата Саркози го посети меморијалот на жртвите на геноцидот во Руанда.

– Човештвото ќе го зачува споменот за невините жртви на геноцидот и за нивните страдања, рече Саркози, откако положи цвеќе на меморијалот. Тој со едноминутно молчење оддаде почит пред еден од 14-те заеднички гробници на меморијалот, во кои се положени телата на над 250.000 жртви на геноцидот.

Посетата на Саркози се случува три месеци по официјалното обновување на дипломатските односи меѓу Руанда и Франција.

Кигали ги прекина односите со Париз на крајот на 2006 година. Причина за тоа беше издадениот налог за апсење од француски судија на девет приврзаници на претседателот Пол Кагаме, осомничени дека стојат зад атентатот во кој во 1994 загина тогашниот руандски претседател Жјувенал Хабиаримана. Тоа убиство беше иницијална каписла на геноцидот во Руанда.

Од 1994 година Руанда ја обвинува Франција дека е соучесник во геноцидот, затоа што го поддржувала режимот на Хабиаримана. Париз секогаш ги демантираше тие тврдења.
{loadposition content9}