јп водовод
Поради дефект без вода корисниците од две населби во Охрид
Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен, до целосно завршување со санацијата.

ЈП Водовод информира дека поради настанат дефект на водоводната мрежа денес неколку часа без вода ќе бидат корисниците во населбата Гоце Делчев (Бараки).
Поради интервенција на водоводната мрежа, денес од 10:00 до 13:00 часот, без вода ќе бидат корисниците на улицата „Гоце Делчев“ од пресекот со улицата „Бистрица“ до Здружение на возачи, вклучувајќи ги и сите споредни улици од населбата Далјан, додаваат во соопштението од ЈП Водовод.
Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен, до целосно завршување со санацијата.




