Skip to main content

Македонскиот филм „Ефектот на среќа“ вечерва во Касарна Охрид

Главните улоги ги играат: Дајана Поповска (охриѓанка по мајка и татко), Јовица Михајловски, Јана Стојановска, Петре Арсовски, Ана Стојановска.
 |  инфодеск  | 

Вечерва ќе се одржи втората вечер на Летно кино со автомобили Summer Drive-in Cinema во склоп на настаните од шестото фестивалско издание на алтернативното културно-забавно лето „Културолошка Иницијатива 5 до 12″.

ЕФЕКТОТ НА СРЕЌА е македонски филм од 2019 година во режија на Борјан Зафировски.

Главните улоги ги играат: Дајана Поповска (охриѓанка по мајка и татко), Јовица Михајловски, Јана Стојановска, Петре Арсовски, Ана Стојановска.

Во филмот се раскажува приказна за потрагата по среќа која им е заедничка на сите луѓе. Леа е млада девојка која го почнува нејзиниот последен предизвик, теза која бара доказ во верувањето дека среќата може да се пренесува, исто како и чувството на тага, осаменост и мизерија.

Влезот ќе биде отворен од 20:00ч, а проекциите започнуваат во 21ч. По почетокот на проекцијата нема да биде дозволено влегување.

Билетите по цена од 500 денари по автомобил можат да се купат во Кафе бар Шила или на влез.