Лице од Велешта доби кривична за производство и дистрибуција на детска порнографија
Тој, користејќи апликации за комуникација, на повеќе социјални мрежи се зачленувал во групи, во кои ширел содржина со детска порнографија, информираат од СВР Охрид
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 28 годишно лице од струшкото село Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија”.
-Тој, користејќи апликации за комуникација, на повеќе социјални мрежи се зачленувал во групи, во кои ширел содржина со детска порнографија. Потоа, истите ги споделувал во други групни и лични профили со кои разменувале линкови од групи со таква и слична содржина, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.


