Skip to main content

Утревечер започнува најпрестижната музичко сценска манифестација во земјава Фестивалот Охридско лето

Од утре па се до 20 август Охрид ќе биде центарот на музичко сценцките доживувања. Започнува 64 то издание на најреномираната културна манифестација фестивалот Охридско лето. Отворањето ќе го одбележи  грандиозен концерт на светски познатиот виолинист од Литванија Џулијан Рахлин.
 |  инфодеск  | 

Се е подготвено за стартот на 64 то издание на најпрестижната музичко сценска манифестација во земјава Фестивалот Охридско лето. Свеченото отворање  годинава ќе го одбележи грандиозен концерт на светскиот виртуоз на виолина Џулијан Рахлин. Станува збор за еден од највозбудливите и најпочитуваните виолинисти кој  ја маѓепсува публиката низ целиот свет со неговиот исклучително богат звук, беспрекорна изведба и маестрална интерпретација. Славниот виолинист и диригент ќе настапи заедно со оркестарот на Македонската филхармонија.

Отворање Охридско лето

„Еден од најголемите виолинисти во светот и оценет како таков од целокупната музичка фела, Џулијан Раклин од Литванија, кој што ќе настапи и како солист и како диригент а ќе биде придружуван од нашата  филхармонија кои шт годинава слават 80  години јубилеј. Верувам дека ќе биде уште едно незаборавно, спектакуларно отворање на Античкиот театар”,   најави Поповиќ.

Уметничката  програма годинава на охридските сцени  ќе донесе 36 неповторливи доживувања од кои најголемиот дел од областа на класичната музика, шест театарски креации, и по една изложба и промоција на книга.  Сцените Антички театар, Долни Сарај црквата Света Софија, предворјето на црквата  се подготвени за бројната публика.

„Секогаш има многу ументици Охридско лето никогаш немало, можеби звучи нескормно но лоша и стандардна програма  и се трудиме да биде подобра и подобра. Како што кажа ќе имаме окол 800 ументици  од 24 земји ширум светот, се надевам дека публиката ќе ужива во целата прогрма што тимски ја избравме сите заедно и ги поканувам сите  љубители на класичната музика, џезот, театарот да додјат сите патишта нека водат во Охрид од 12 јули до 20 август”,  додава Поповиќ.

Во следните 40 денови свој белег ќе остават околу  800 уметници од земјава и зветот. Најреномираната манифестација со интернационален предзнак, дел од Европската асоцијација на фестивали во текот на четириесетте фестивалски вечери,ќе донесе совршен спој на музиката, теаатрот и воопшто на уметноста. Ќе настапат звучни имиња од светот на музиката, но и најдобрите театарски продукции со извонредни драмски проекти.

Новинар Соња Рилквоска