Skip to main content

Црвен крст Охрид

Црвен крст Охрид организираше работилница на тема „Младите и науката“

Работилницата беше организирана по повод 168 годишнината од раѓањето на големиот визионер и научник, Никола Тесла.
 |  инфодеск  | 

На 10.07.2024 г. во просториите на Црвен крст Охрид, по повод 168 годишнината од раѓањето на големиот визионер и научник, Никола Тесла (род. 10.07.1856), се организираше инспиративна, едукативна, онлајн работилница на тема МЛАДИТЕ И НАУКАТА, а со наслов „НИКОЛА ТЕСЛА: НЕГОВИОТ ЖИВОТ, ПРОНАЈДОЦИ И НАСЛЕДСТВО“ во организација на Црвен крст Охрид во партнерство и соработка со организацијата Canadians For Children At Health Risk, од Торонто, Канада, се вели во објавата на Црвен крст Охрид.

На онлајн работилницата, младите волонтери од Клубот на млади од Црвен крст Охрид и младите волонтери од Црвен крст Крагуевац и Црвен крст Суботица уживаа во прекрасната презентација за животот на Никола Тесла, од презентерот професор Др. Мајда Ѓорѓевиќ, од Образовната Корпорција „Никола Тесла“, Хамилтон Онтарио, Канада, додаваат од Црвен крст Охрид.