Skip to main content

општина дебрца

Во вторник општина Дебрца ќе спроведе теристичка (од земја) дезинсекција против комарци

Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на на пчелите.
 |  инфодеск  | 
Дезинсекција

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести ( Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014 ,150/2015 и 37/2016), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Дебрца за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина Дебрца како општа противепидемиска мерка , Општина Дебрца го издава следното соопштение:

Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Дебрца дека на ден 16.07.2024 год. (вторник) ќе спроведе теристичка (од земја) дезинсекција со цел уништување на возрасни комарци.

Запрашувањето ќе се врши во период од 20.00 до 06.00 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување .

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општината, подрачјето на река Сатеска, локалитетите со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата.

Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на на пчелите.

Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Општина Дебрца 046-286-855, се вели во соопштението од општина Дебрца.