Ќе се раскине договорот со фирмата која цели 9 години го гради затворениот базен во Охрид. Министерот за спорт, Борко Ристовски најави нов проект за спортскиот комлекс и отпочнување на доградбата на овој значаен објект. Планот е на есен да се избере фирма која ќе има задача во најбрз можен рок да го догради затворениот базен, проект кој долги години го очекуваат охриѓани и спортските клубови.
„ Ситуациите кои беа тогаш и ситуациите кои што се денеска не се исти мора да се направи нов проект нова процена колку ке чини завршувањето на базенот во Охрид. Она што јас може да го кажам е дека министерството и јас лично ќе се залагаме за што побрзо да почне с довршување на базенот , затоа што Охрид заслужува базен да не се оставаат спортските објекти на пола повеќе од 4/5 гпдини ништо да не се чепне. Така што во најбрз можен рок ке направиме нова процена нов проект и верувам дека кон крајот на летото ќе избереме нов економски опеаратор кој ке ја продолжи изградбата на базенот”, изјави Борко Ристовски министер за спорт.
Ќе се направи ревизија на целокупниот проект и одвивањето на градежните работи на затворениот базен, а доколку се утврдат нелегални активности ќе се бара и кривична одговорност.
„Ќе почнеме во најбрз можен рок ревизија, парцијална само за базенот за да не ја закочиме целата процедура за побрзо отпочнување на градбата. Така што ревизијата ке ни покаже дали има можност за кривична пријава. Доколку ревизијата утврди има можност за кривична пријава бидете сигури дека ќе има”, додава Ристовски.
Изградбата на затворениот базен во Охрид започна во 2015 година. Според тогашните оптимистички најави базенот требаше да биде готов и отворен на крајот од 2017 година или почетокот на 2018, но до ден денес остана карабина.
Новинар Соња Рилковска