Четкар ќе одржи концерт во Охрид на 3-ти август
Познатиот џез музичар охриѓанецот Владимир Четкар, ја објави новата песна и спот.
“Don’t Make Me Wait” или “Не оставај ме да чекам” е комплетно авторско дело на Четкар на кое тој е потпишан како композитор, аранжер, текстописец, оркестратор, диригент и изведувач.
Песната ќе се најде на најновиот студиски албум на Четкар “Let Us be” кој прво ќе биде ексклузивно издаден на 18. Септември во Токио од страна на познатата јапонска музичка куќа “P-Vine Records” за набрзо потоа да биде издаден низ целиот свет.
„Ги завршив сите снимања за потребите на студискиот албум, четврт по ред, беше поинтензивен период сега е постпродукциски период . Имав неколку концерти во Њујорк, Детроид и МидВест. Сега малку сум дома и порелаксирано и работно но убаво е кога си дома. Последниве години често патувам и в Азија, каде што ќе го издадам албумот, тоа ке биде за неколку месеци да се зварши амстерингот и миксањето. Следуваат многу новини многу ремикси, полека допирам и до еден друг вид на публика”, вели Владимир Четкар.
На 3 август, сабота, Четкар со својот Џез, Соул и Фанк Ансамбл ќе оддржи концерт и за домашната публика во родниот Охрид.
„Секое лето имам по едно убаво изненадување. Ќе направиме еден прекрасен настан конкретно на 03 авгист сабота во Деспина тоа е нов објект покрај самото езеро прекрасна локација и прекрасни гости кои ме поддржуваат на моја чест. Ја работам мојата музика која е фузиј на фанк на џез, космопилитски жанр, меѓутоа тоа е моја авторкса музика и пак е македонска музика и со голем ќеф ја претставувам нашата земја каде и да одам. Таму сум амбасадор на нашата култура”, додава Четкар.
Четкар е единствен уникатентен репрезент на земјава ширум светот. Живее номадски често патува на релација Европа – Америка – Азија. Посебно драго му е кога настапува во Азиските земји пред десетици илјади гости каде гордо ја претставува нашата земја и родниот Охрид.
Новинар Соња Рилковска