Врз основа на Годишната програма за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2024 год. бр. 08 – 2953/3год. од 14.03.2024 год („Сл.гласник на општина Охрид бр.3/2024), Одлуката за поставување на урбана опрема и времени објекти и за утврдување на висината на надоместокот (закупнина) во општина Охрид бр. 08 – 4478/11 од 16.04.2024 година, Извод бр.19-8472/2 од 10.07.2024г. и Одлука од Управен одбор на ЈП Градски пазар бр.02-310/5 од 16.07.2024 год. ВД Директорот на ЈП Градски Пазар Охрид објавува ОГЛАС ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПРИЈАВИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА СТАНИЦИ ЗА ПОДВИЖНА УРБАНА ОПРЕМА.
ЈП Градски Пазар Охрид урбаната опрема ја издава на Кеј Македонија и Плоштад Крушевска Република, за времетраење од 22.07.2024 до 30.09.2024 година.
Пријавите може да се достават најдоцна до 19.07.2024 год. во 12.00 часот.
Сите заинтересирани детални информации можат да најдат на следниот линк, или секој работен ден од 07.00-15.00 часот во просториите на ЈП Градски Пазар Охрид.