Градинката „Билјана“ доби детско игралиште на иницијатива и со донација од родители
Oд ЈОУДГ „Јасна Ристеска„ упатija јавна благодарност до родителите кои го обезбедија игралиштето.
Објектот „Билјана“ на охридската градинка доби детско игралиште на иницијатива на родители на дечиња кои ја посетуваат градинката и со обезбедна донација, информираат од ЈОУДГ „Јасна Ристеска„ Охрид.
– Нашиот родител Атанас Поп-Стефанија и останатите родители од објект Билјана во соработка со Славеј А.Д- Центар за ортотика и протетика ни го обезбедија ова игралиште во кое ќе уживаат многу идни генерации на дечиња, велат од ЈОУДГ „Јасна Ристеска„ упатувајќи јавна благодарност.


