Skip to main content

СВР Охрид апелира да не се палат огнови на отворено

СВР Охрид потсетува дека предизвикувањето пожар, намерно или од невнимание, претставува кривично дело, кое се санкционира со соодветни пријави.
 |  инфодеск  | 

Пради сѐ позачестените регистрирани пожари на подрачјето на СВР Охрид во кои е опожарена нискостеблеста вегетација, депонии, стрништа, СВР Охрид упатува апел до граѓаните, посебно до земјоделците и другите лица кои работат или се движат на отворен простор, да не палат огнови, од кои лесно и брзо може да избувнат пожари од големи размери и да предизвикаат значителна имотна и материјална штета. СВР Охрид потсетува дека предизвикувањето пожар, намерно или од невнимание, претставува кривично дело, кое се санкционира со соодветни пријави.

-СВР Охрид ќе ги вклучи сите расположливи капацитети и опрема што може наменски да се користат за контрола, превентива и заштита на шумите од пожари, како и да одговори на потребите во случаи на локализирање на евентуално настанат пожар од поголем обем, вели портпаролот на секторот Стефан Димоски.

Со цел поефикасна превенција, рано предупредување и спречување пожари на отворен простор и во шумски предели, СВР Охрид на целото подрачје реализира работни средби со претставници на Противпожарните единици, на Шумската полиција и подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, на јавните претпријатија „Национални шуми”, надлежните државни инспекторати, раководителите на Дирекциите за заштита и спасување и регионалните Центри за управување со кризи и на претставници од службите во локалните самоуправи.