Skip to main content

свр охрид

Уапсено лице поради кражба на компјутер во сместувачки објект во Охрид

Компјутерот е одземен и предаден на сопственикот, а  по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
 |  инфодеск  | 
Свр охрид

На 25.07.2024 во 05.15 часот на улица „Партизанска” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 44 годишно лице од Охрид. При преглед кај него е пронајден лап топ компјутер, кој е предмет на кривично дело „кражба”, извршена претходно во сместувачки објект на улица „Цар Самоил” во Охрид. Компјутерот е одземен и предаден на сопственикот, а  по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од СВР Охрид.