Skip to main content

Фуере: Состојбата со азиланти е загрижувачка

Состојбата со зголемениот број македонски азиланти во Белгија е навистина загрижувачка. Ова денеска во Скопје го изјави евроамбасадорот во Македонија Ерван Фуере, додавајќи дека од тие причини, белгискиот премиер набргу ќе го посети целиот регион.

 |   | 
pasosh
пасош
Ervan fuereСостојбата со зголемениот број македонски азиланти во Белгија е навистина загрижувачка. Ова денеска во Скопје го изјави евроамбасадорот во Македонија Ерван Фуере, додавајќи дека од тие причини, белгискиот премиер набргу ќе го посети целиот регион.

“Ги цениме заложбите на македонското МВР, но треба да се вложат дополнителни напори за да се спречат туристичките агенции да ја злоупотребуваат довербата на луѓето“, рече Фуере, додавајќи дека сето тоа е спротивно од визната либерализација и истакнувајќи дека оваа практика треба да биде спречена.

Фуере ја повика македонската влада да вложи напори за подобрување на економските можности во маргинализираните региони и да отвори нови работни места.

Ја цениме заложбата на премиерот Никола Груевски кој најави преземање на дополнителни мерки за решавање на овој проблем.

Вицепремиерот за евроинтеграција Васко Наумовски апелираше до граѓаните да се воздржат од патување со цел да бараат азил бидејќи шансите за азил во земјите членки на ЕУ се еднакви на нула.

“Овие граѓани не само што ќе бидат вратени во Македонија туку постои голема веројатност истите да добијат забрана за влез во ЕУ“, изјави Наумовски.
{loadposition content9}