Мерцедес со „супер дифузер“ до победа во Бахреин!
Иако на патеката Мекларен се наметна како најголем фаворит во пресрет на почетокот на сезоната во Бахреин, Ф1 светот ги насочи своите мисли кон тимот на Мерцедес и неговиот нов контраверзен супер дифузер.
| Маја Савиќ | Спорт
ф1
Иако на патеката Мекларен се наметна како најголем фаворит во пресрет на почетокот на сезоната во Бахреин, Ф1 светот ги насочи своите мисли кон тимот на Мерцедес и неговиот нов контраверзен супер дифузер.
Тимот кој минатата година ја започна приказната со двојните дифузери (Браун), оваа година го донесе проблемот на поинакво ниво. Формата на Мерцедес беше честа „тема за дилема“ на конкурентите, а самиот Михаел Шумахер за само два дена даде две различни мислења за прогресот на неговиот тим.
По вториот ден во Барселона Германецот беше песимист, за само еден ден потоа да изјави дека недоволната анализа на собараните податоци била причина за неоснованиот песимизам, повлекувајќи ја претходната изјава. Посветената работа во пресрет на првата трка ја потврди и тимскиот шеф на Мерцедес, Рос Браун, прецизирајќи дека во некои сегменти болидот е на лимитот на дозволеното.

{loadposition content9}