Автентичните локални специјалитети привлечни за странските туристи
Охрид како туристичка дестинација станува се попрепознатлив и по традиционалната локална храна. Покрај природните убавини и културно историските знаменитости охридскиот регион има автентични локални специјалитети кои се привлечни за странските туристи. Дел од нив беа презентирани на штандовите на локалните производители чувари на гастрономската традиција на третото издание на манифестацијата „Вкусете го Охрид локално“.
„Традицијата не е да ја величаме пепелта туку постојано да го одржуваме огнот. А одржувањето на огнот е со постојана мотивација . Јас сум многу среќна што кога почнавме со поттикнување на вакви иницијативи, луѓето добија некоја поголема самодоверба, имаа поддршка . Сега можете да видите и млади луѓе од овој регион коишто се занимаваат со одредени локлани бизниси. Имаме производство на домашен леб кое почна да се рзавива во добар мал бизнис на производство на леб без квасец. За жал имаме многу малку производство на сирења и најверојатно тоа ќе ни биде следен проект на Slow food кој сакаме да го започнеме.“ – вели Проф. Ангела Крстаноска Паскуале – Slow food Ohrid.
Домашен леб од кисело тесто, мед со јагоди,слатко од цреши, масла и намази од јаткасти плодови,ѓомлезе, питулици, кошмишпите, домашни вина и ракија, се само дел од производие кои беа презентирани и дегустирани на плоштадот кај Долна Порта.
„Овај настан претставува не само празник за очи туку празник за сите сетила затоа што овде се собрани од цела Македонија луѓе коишто го поддржаа настанот. Ќе вкусиме производи на малопроизводители коишто освен што ни нудат квалитетна храна тие ја принесле и својата душа на таа трпеза во нивните производи. Вакви настани се потребни многу повеќе затоа што се повеќе се среќаваме со луѓе коишто се жалат дека јадат пластична храна односно дека јадат храна без вкус, а дека овде во Македонија вкусиле одлична храна. Треба да бидеме задоволни што оваа наша земја раѓа толку богати убавини од зеленчук, овошје, и толку убави производи како сирења, кашкавали, вина и се останато и да се гордееме со тоа. Ова е нашата гордост. “ – вели Наташа Неданоска – Пирустија Неданоски.
„Треба да ги има почесто за да се даде поттик на малите производители да се прикажат на јавноста. Нема промоција. Не можеш да излезеш во голем маркет, единствено што им преостанува на малите производители се вакви настани.“ – вели Владимир Величкоски – НАЦ.
Посетителите на овај несекојдневен и богат своевиден пазар уживаа во изворниот вкус на охридските и македонските специјалитети приготвени на домаќински начин. Велат дека убаво е да има што повеќе и почесто вакви настани на кои малите локални производители ќе ги промовираат своите производи и гарѓаните ќе ја увидат разликата помеѓу “бавна” храна наспроти трендот на брза и неквалитетна храна.
„Треба да има повеќе вакви настани. И во Скопје има на плоштад редовно. Убаво е да има затоа што луѓето така ќе дознаат какви производи има во Македонија, каде се произведуваат, во кои градови . Многу е добро што има разновидни производи и можеш да си купиш, кој за што е заинтересиран. И добро е тоа што даваат да се проба. 00:18 ++ 00:21 Задоволна сум што видов многу производи. „ – вели гостинка од Скопје.
„ Многу се значајни ваквите манифестации. За жал ние многу заостануваме. Јас сум повозрасна и сум прошетала доста и сум видела многу вакви саеми и настана. Треба да ги има почесто. “ – вели една охриѓанка
Настанот „Вкусете го Охрид – локално“ беше организиран од движењето Slow Food Ohrid со поддршка на Општина Охрид и Слоу Фуд Македонија. Годинава како најава на настанот се одржа и регата со едрилици и на секоја од нив беше презентирана локална храна. За следното издание организаторите размислуваат за воведување дегустација на специјалитети на едрилица.