Признание за директорката Поповиќ за промовирање на Американската култура на „Охридско лето“
Амбасадата на САД во Скопје синоќа, во рамките на Американската вечер на програмата од Фестивалот „Охридско лето“, на директорката Наташа Поповиќ и додели Признание за големи достигнувања и соработка во промовирањето на Американската уметност и култура во Република Северна Македонија. Ова високо признание е одобрено со печат од Стејт департментот во Вашингтон.
Агуста Филбин, Американската аташе за култура во Македонија, кажа дека признанието се доделува во знак за благодарност за долгогодишната соработка со Американската амбасада, унапредување на културните врски како и успешна промоција на американската култура во Република Северна Македонија.
Поповиќ изразувајќи благодарност до Американската амбасада и амбасадорката Анџела Прајс Агелер, рече дека ваквите награди имаат значаен придонес во развојот на високите културни вредности по кое е препознатлив фестивалот „Охридско лето“.
„Изразувам огромна благодарност на Културното аташе на Американската амбасада, на американската амбасадорка Анџела Агелер за ова високо признание кое го споделувам со мојот тим, со моите колеги со кои заедно реализираме уште едно успешно фестивалско издание“, рече Поповиќ.