Уникатната тектонска појава на локалитетот „Дувало“ во атарот на с. Косел е прогласена за природна реткост согласно решението на Министерството за животна средина и просторно планирање.
Локалитетот Дувало се наоѓа на оддалеченост од 7 км северно од Охрид на десната страна од регионалниот пат Охрид Битола во с. Косел и е на надморска височина од 750 метри и површина од 0,49 хектари.
Со оваа природна реткост стопанисува Општина Охрид, а со цел да се обезбеди нејзина заштита од општинскиот буџет се издвоени еден милион денари.