јп водовод охрид
Прекин во водоснабдувањето во населбата Св.Стефан
Екипи на ЈП ВОДОВОД се на терен до целосно завршување со санацијата.

При вршење на ископ за изградба на објект од страна на градежна компанија во населбата Св.Стефан, настанат е дефект на главната водоводна линија, односно оштетена е цевка (салонит) со профил ф160 мм, велат од ЈП Водовод Охрид.
Прекин во водоснабдувањето од 11:00 часот, ќе има во населбата Св.Стефан на потегот од Хотел Гранит до Горица 2.
Екипи на ЈП ВОДОВОД се на терен до целосно завршување со санацијата.




