Утре за Илинден ќе биде отворена „Јубилејната изложба по повод 100 години од раѓањето на Вангел Наумовски“
Јубилејната изложба по повод 100 години од раѓањето на Вангел Наумовски е проект подржан од Министерство за култура и туризам на Р.С.Македонија.
На изложбата ќе бидат претставени дела содржани во збирката „Вангел Наумовски“ во сопственост на ЈЗУ Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“од Охрид.
Куратор на изложбата е Маја Чанкуловска, виш кустос при Национална Галерија -Скопје, во соработка со вработените од НУ Завод и Музеј Охрид, Катерина Велкоска и м-р Сашо Блажески раководители на проектот, м-р Сашо Блажески и м-р Никола Патчев , конзерватори на уметничките дела.
Јубилејната изложба по повод 100 години од раѓањето на Вангел Наумовски е проект подржан од Министерство за култура и туризам на Р.С.Македонија.
Изложбата ќе биде отворена во петок 02. август во 20 часот.