Skip to main content

Продолжува акцијата за гаснење на пожарите

Во текот на вчерашниот ден беше направен земјен појас над селата што ќе спречи ширење на огнот кон населените места.
 |  инфодеск  | 

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска во својата објава информира дека денешната акција за гасење на пожарите се одвива согласно претходно договореното и дека сите екипи се на терен и од рано утринава активно се гаси, а учествуваат два хеликоптери на МВР и АРМ, и три авиони за гасење пожар.

Во текот на вчерашниот ден беше направен земјен појас над селата што ќе спречи ширење на огнот кон населените места.

-Апелирам до сите за воздржување од ширење на дезинформации поврзани со пожарите, како не би настанала непотребна паника помеѓу жителите, се вели во соопштението од Градоначалникот Пецаков.

Од ЦУК денес информираа дека во моментов активен е пожарот кај Косел кој што се движи на горе по планината и во кој што имаат концентрирано повеќе сили. Од таму изразуваат благодарност до локалната самоуправа и градот Охрид кои што даваат сѐ од себе, заедно со поддршка на локалните пожарникари и месното население за да го изгаснат пожарот.