Skip to main content

Српскиот хеликоптер „Ербас Х215 Супер Пума“ денеска до 11 часот испуштил 126 тони вода над пожарот во охридско

Хеликоптерот на МВР на Србија „Ербас Х215 Супер Пума“, со носивост од три тони вода, со шест припадници на хеликоптерската единица и еден припадник на Секторот за вонредни ситуации, од саботата секојдневно го гаснат пожарот кај Охрид.
 |  инфодеск  | 

Хеликоптерот на МВР на Србија „Ербас Х215 Супер Пума“, со носивост од три тони вода, со шест припадници на хеликоптерската единица и еден припадник на Секторот за вонредни ситуации, од саботата секојдневно го гаснат пожарот кај Охрид, а само денеска до 11 часот испуштија дури 126 тони вода, јави дописникот на МИА од Белград.

– Припадниците на хеликоптерската единица и Секторот за вонредни ситуации продолжуваат да им даваат поддршка на македонските колеги во борбата против пожарот. Нашата посада на „Супер Пума“ е ангажирана во гаснењето на пожарите во околината на Охрид. Секој ден работат од 6 до 7 часа, а само денеска до 11 часот испуштија дури 126 тони вода. Нивниот ангажман не е само борба против огнената стихија, туку и за солидарност и помош меѓу соседите. Секој лет со хеликоптер претставува уште еден чекор кон сигурна и побезбедна средина за сите нас. Горди сме на нашите херои во воздухот кои неуморно работат на заштита на животите и имотот, се вели во соопштението на официјалната страница на Инстаграм на МВР на Србија.