На козметичар или кај tatoo артист со сини картони
Сите физички и правни лица кои се занимаваат со традиционална и комплементарна медицина, пирсинг, тетовирање и вршат активности за нега и разубавување, ќе треба да поседуваат дозвола за работа издадена од Министерството за здравство.
Сите физички и правни лица кои се занимаваат со традиционална и комплементарна медицина, пирсинг, тетовирање и вршат активности за нега и разубавување, ќе треба да поседуваат дозвола за работа издадена од Министерството за здравство.
Од занаетчиската комора на Македонија пак, бараат Козметичарската дејност да се иземе од Законот за јавно здравство и да се разграничи од медицината.
На крајот од месец јануари годинава беше доснесен Законот за јавно здравје. Во него стои дека сите физички и правни лица кои се занимаваат со традиционална и комплементарна медицина, пирсинг, тетовирање и вршат активности за нега и разубавување, ќе треба да поседуваат дозвола за работа издадена од Министерството за здравство. Здружението на козметичари на Македонија заедно со Занаетчиската комора, реагираат на некои делови од овој закон и бараат Козметичарската дејност да се иземе од Законот за јавно здравство и да се разграничи од медицината. Тие сметаат дека со Законот кој стапи на сила, се врши упад во нивното работење.
Од Министерството за здравство соопштуваат дека со носењето на Законот, Министерството нема за цел да навлезе или да ја ограничи оваа дејност, туку напротив нивна единствена цел е да се регулира оваа материја и да се заштити на здравјето на населението. Отаму потенцираат дека со овој Закон првпат се регулира материја која досега не била регулирана со ниту еден закон. Со овој закон е опфатен аспектот кој се однесува на заштитата на здравјето на населението во целина, посебно во делот на тетоважи, пирсинзи, солариуми и слично каде се нарушува интегритетот на кожата или други делови од телото каде се отвораат влезни врати и постои потенцијална опасност од појава и ширење на заразни болести и друг вид оштетувања. За некои физички и правни лица кои се занимаваат со овие дејности донесувањето на овој Законот е добредојдено.
За козметичарите поседувањето на овие дополнителни дозволи практично ќе значи и зголемување на трошоците. Сеуште не се знае висината на цената која треба да се плати за поседување на ваква дозовола, но неофицијалните податоци зборуваат за вртоглави суми до 10.000 евра. Само за пример, за поседување и работа со солариум ќе бидат потребни околу 2.000 евра. Доколку станува збор за спа центар опремен со солариум, апарат за липосукција и ласер за депилација, математиката направете ја сами.
{loadposition content}