Skip to main content

Центар за управување со кризи

Пожарите во охридскиот регион ставени под контрола, пожарот на Илинска планина сè уште активен

ЦУК информира дека во текот на вчерашниот ден имало 23 пожари на отворен простор, од коишто три сè уште се активни, шест се под контрола и 14 се изгаснати, а имало вкупно 2 563 повици на 112 во последното деноноќие.
 |  инфодеск  | 

Од Центарот за управување со кризи информираат дека двата пожари во охридскиот регион кај селата Косел – Расино – Опеница – Вапила и на планината Галичица се ставени под контрола, додека пожарот на Илинска планина е сè уште активен.

Од таму велат дека изгаснати се 14 пожари на отворено во: Општина Кичево, кај с.Бачиште; Општина Брвеница, с.Милетино; Општина Боговиње с.Жеровјане; Општина Гостивар, с. Чајле; Општина Богданци, м.в. „Погана“ кон „Ветерен Парк Богданци“; Општина Прилеп, м.в. „Теке“; Општина Неготино, кај фабриката „Македонија“; Општина Старо Нагоричане, во с.Жегљане, маало Рогожарци; Општина Василево 1 кај с.Радичево и с.Дукатино; с.Чалакли; Општина Валандово, с.Чалакли; Општина Студеничани, с.Батинци; Општина Ѓорче Петров, пкрај ул.„Скупи“; Општина Зелениково, кај с.Вражале и во Општина Студеничани, во реон меѓу с.Драчевица и с.Црвена Вода.