Денес времето ќе биде сончево и топло, а попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурите ќе се движат во интервал од 17 до 32 степени, а УВ индексот ќе биде 8.
Утре и во петок ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. За време на викендот ќе преовладува сончево време, но ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Температурата ќе биде во покачување.