Skip to main content

Младински Центар Охрид

Во понеделник ќе се одбележи Меѓународниот Ден на Млади

Овој настан е симбол за младинско учество и подигање на свеста за младите, со цел да се сврти вниманието кон одреден збир на културни и правни прашања коишто ги засегаат младите.
 |  инфодеск  | 

Во понеделник, 12 Август во просториите на Младинскиот Центар Охрид ќе се одбележи меѓународниот Меѓународен Ден на Млади.

Овој настан е симбол за младинско учество и подигање на свеста за младите, со цел да се сврти вниманието кон одреден збир на културни и правни прашања коишто ги засегаат младите.

По овој повод, и оваа година Младински Центар Охрид подготви низа настани на различни локации во Охрид со цел младите да се поврзат, забавуваат, да ја разбудат својата креативност и да научат некоја нова вештина.