На 06.08.2024 во 15.42 часот во СВР Охрид е пријавено дека на отворен простор со нискостеблеста вегетација, помеѓу селата Волино, општина Дебрца и Мороишта, општина Струга, настанал пожар кој зафатил и нива со овошни насади. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид, се вели во соопштението од СВР Охрид.