Skip to main content

православен календар

Денес се одбележува денот на Света преподобна маченица Параскева – Света Петка

Светата православна црква празнува три личности – три свети Богоугоднички со исто име Параскева – Петка: Преподобна маченичка Петка (РИМЈАНКА) на 8 август, Преподобна Мајка наша Петка (ЕПИВАТСКА) на 27 октомври и Преподобна маченичка Петка (ИКОНИСКА) на 10 ноември.
 |  инфодеск  | 
Света Петка

Денеска православните верници ја слават Света Петка летна.

Света преподобна маченичка Петка Римјанка се празнува на 26 јули /8 август и меѓу народот е позната како летна Света Петка. Во нејзиното житие се вели дека нејзините родители биле Римјани и дека и дека таа како единствена ќерка им се родила по долги и искрени молитви кон Бога. Рано се замонашила а подоцна како и многумина други настрадала за верата Христова за време на царувањето на Антонин. На нејзиното мачење присуствувал и самиот император, но кога била фрлена во котел со врело масло и катран таа останалаа неповредена, а од течноста му прснало во очите на императорот по што ослепел. Параскева се помолила на Бога и тој оздравел. Гледајќи ги нејзините страдања, но и чудата што се случувале со нејзино посредство, многумина ја примиле христијанската вера. Поради тоа била обезглавена со меч, а подоцна моштите ѝ биле пренесени во Цариград. На иконите света Петка Римјанка во рацете држи чинија во која има очи.

Култот кон света Петка кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести, поради што народот ја нарекува уште и мајка Параскева. Многу лековити извори се поврзани со нејзиното име и се наречени Петочни води.

Светата православна црква празнува три личности – три свети Богоугоднички со исто име Параскева – Петка: Преподобна маченичка Петка (РИМЈАНКА) на 8 август, Преподобна Мајка наша Петка (ЕПИВАТСКА) на 27 октомври и Преподобна маченичка Петка (ИКОНИСКА) на 10 ноември.