црвен крст охрид
Денес и утре во ООУ „Св. Климент Охридски“ ќе се одржи крводарителска акција „Плаошник 2024“
Дарувај крв, спаси живот!

Традиционалната крводарителска акција, којашто во организација на Црвен крст Охрид секоја година се одржува за празникот Св. Климент, и оваа година ќе се реализира во ООУ „Св. Климент Охридски“ (спортска сала) во Охрид, и тоа на:
8 август (четврток), во периодот од 19 до 24 часот
9 август (петок), во периодот од 9 до 13 часот.
-Зголемената потреба од крв и крвни продукти во овој период од годината за пациентите кои се лекуваат во здравствените установи во Охрид, нека биде мотив за сите хумани наши сограѓани и гости да ја искажат својата хуманост дарувајќи крв на оваа традиционална крводарителска акција, велат од Црвен крст Охрид.




