Во Северна Кореја погубен човек поради тоа што користел кинески мобилен телефон
Еден жител на Северна Кореја јавно бил погубен затоа што разговарал на кинески мобилен телефон со бегалец од Северна Кореја кој живее во Јужна Кореја.
Еден жител на Северна Кореја јавно бил погубен затоа што разговарал на кинески мобилен телефон со бегалец од Северна Кореја кој живее во Јужна Кореја.
Севернокореецот, кој е идентификуван само како Јунг бил погубен кон крајот на јануари откако бил пронајден кинескиот мобилен телефон во неговата куќа, пренсува радиото ОРНК, повикувајќи се на извор од Северна Кореја.
Јунг е обвинет дека разговарал со бегалецот за условите за живот во Северна Кореја, како на пример висинатата на цената на оризот, пренесува радиото.
Властите во Северна Кореја неодамна ги засилија акциите против жителите на земјта кои се обидуваат да зборуваат со своите блики роднини и пријатели кои се побегнати во Јужна Кореја, а за таа цел најчесто користат кинески мобилни телефони за да не бидат лесно откриени.
{loadposition content9}