Skip to main content

Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид

Средба на претставници од Швајцарската амбасада и в.д. Директорот на Завод и музеј во Заливот на коските

На средбата се презентираше познатиот архeолошки локалитет со потенцирање на претходните соработки со Универзитетот во Берн, тогашните истражувања и резултати, како и идните планови за соработка.
 |  инфодеск  | 

Вчера во Музеј на вода – наколна населба „Заливот на Коските“ се оствари средба на в.д. Директорот м-р Горан Патчев со делегација од Швајцарската амбасада на чело со Заменик шеф на мисијата и Вршител на должност г-ѓа Михал Харари на која средба се презентираше познатиот архeолошки локалитет со потенцирање на претходните соработки со Универзитетот во Берн тогашните истражувања и резултати како и идните планови за соработка, се вели во соопштението од Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид.

На средбата од страна на Швајцарската делагација беа присутни и: г-ѓа Анета Дамјановска, Национален програмски офицер при Амбасадата на Швајцарија, Горан Дамовски, Директор на Швајцарската Програмата за зголемување на пазарна вработливост (www.ime.org.mk), Тања Георгиевска, Заменик Директор на Програмата за зголемување на пазарна вработливост (IME), Зоран Тодоровски, експерт за туризам на Програмата за зголемување на пазарна вработливост (IME) и Генералниот менаџер на Фибула Травел, Асим Меџедовиќ.

Разговор се водеше и со Милутин Секулоски -Мичо од нуркачкиот центар Амфора од Охрид за локалитетот Плоча Миќов град, со кого и претходно се остваруваа соработки преку Швајцарската амбасада, а во однос на нуркачки активности и подводната археологија. Презентацијата на целиот комплекс ја водеше кустос м-р археолог Христијан Петровски.